Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СВЕТОТ ВО СТРАВ, КИМ ПРЕДИЗВИКА НУКЛЕАРНА ЕКСПЛОЗИЈА: Бомбата посилна од онаа во Хирошима!

(ВИДЕО) СВЕТОТ ВО СТРАВ, КИМ ПРЕДИЗВИКА НУКЛЕАРНА ЕКСПЛОЗИЈА: Бомбата посилна од онаа во Хирошима!

Северна Кореја денеска го изведе петтиот нуклеарен тест, кој државната телевизија го опиша како „најсилна експлозија која ја предзивика Пјонгјанг“.

„Нашите нуклеарни експерти ја тестираа најразвиената нуклеарна боева глава на северен терен за тестирање“, соопштено е на државната телевизија.

„Нашата партија им честита на нашите нуклеарни научници за успешното тестирање на нуклеарната боева глава“, соопшти државната телевизија, пренесе АФП.

Телевизијата истакнува дека сега Северна Кореја е во состојба да поставува нуклеарни боеви глави на балистичките ракети.

Исто така тврдат дека немало чадење на радиоакивен материјал ниту штета по околината.

[embed]https://twitter.com/AquaponicsStar/status/774092951190331392?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Како што наведува Ројтерс, нуклеарниот тест предизвикал сеизматички потрес на корејскиот полусотров со јачина од 5,3 степени по  Рихтер.

„Бомбата посилна од онаа фрлена во Хирошима“

Џефри Луис од калифорнискиот институт за меѓународни студии Мидлебери рекол дека сеизмичките податоци сугерираат дека експлозија од 20 до 30 килотони, што би била посилна бомба од онаа фрлена на Хирошима на крајот на Втората светска војна.

kim-dzon-un-skoreja

„Тоа е најсилниот тест на Северна Кореја досега,20-30 кт најмалку. Ова не е среќен ден.  Важно е дека ова веќе им е петти тест, па сега имаат доста искуства со нуклеарни тестови. Тие повеќе не се заостаната земја“, рекол Луис.

Јапонија: Ова не може да се толерира

Јапонскиот премиер Шинзо Абе рекол дека севернокорејските нуклеарни тестови не може да се толерираат. Јапонското министерство за надворешни работи вложило формална протестна нота до Пјонгјанг, а војската испратила два авиони да ја измерат радијацијата, пренесе Ројтерс.

[embed]https://twitter.com/AggieHist03/status/774052906228080640?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Лондонски „Гардијан“ во анализа на утринскиот тест наведува дека се поголем број на тестови сугерираат дека Северна Кореја може да постави нуклеарни боеви глави на крстачките ракети и дека така може да загрози други земји, поради што со овој тест се „менуваат правилата на играта“.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/ePFLDrwSlD8[/embed]

Обама: Ќе се здружиме со Јужна Кореја, заедно поставуваме нуклеарен чадор

Претседателот на САД Барак Обама вети денеска во телефонски разговор со јужнокорејскиот претседател Парк Геун Хје дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за заедничка одбрана од Северна Кореја, вклучувајќи и обезбедување на нуклеарен чадор за заштита на Сеул.

Обама рекол дека постапките на Северна Кореја ќе имаат „сериозни последици“.

Јужнокорејската претседателка рекла дека, во текот на разговорите, двајцата лидери се сложиле да ги користат сите расположливи средства за зголемување на притисокот врз Северна Кореја како би се откажале од својата нуклеарна програма, вклучувајќи и усвојување на нова резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/piZlnryOsd4[/embed]
Слично

Поврзани вести