Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СВЕДОШТВО ОД ПАРИЗ: Се обидов да му го спасам животот, а потоа сфатив дека е бомбаш-самоубиец

(ВИДЕО) СВЕДОШТВО ОД ПАРИЗ: Се обидов да му го спасам животот, а потоа сфатив дека е бомбаш-самоубиец

Болничар од Франција, кој по терористичките напади во Париз се нашол на местото на несреќата, го раскажа неговото искуство за тоа како се обидувал да оживее бомбаш-самоубиец.

Секунди по експлозијата во кафулето “Comptoir Волтер”, 46-годишниот болничар брзал да му помогне на некој човек што лежел под масата. Тој пробувал да го спаси со процес реанимација и вештачко дишење.

Но, во моментот кога му ја искинал маицата за да му го масира срцето сфатил дека се обидува да оживее бомбаш самоубиец.

„Насекаде по телото имаше жици – една бела, една црна, една црвена и една портокалова. Тогаш сфатив дека тој е бомбашот-самоубиец“, кажал Давид.

„Размислував за тоа и сфатив дека можев да загинам, можев да го активирам експлозивот. Бидејќи кога го легнав на подот и ја почнав реанимацијата – размислував само да му помогнам на човекот, а реанимацијата вклучува енергични движења и сфатив дека можев да ја активирам бомбата и да загинам и јас и луѓето кои беа тука“, заклучува болничарот.

Дејвид всушност се обидел да го оживее Бахрим Абдеслам еден од терористите, неговиот експлозив не бил активиран, а тој имал дупка на страната од телото.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=Cy23ZsOrgzk[/embed]
Слично

Поврзани вести