Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Сведоштва за масакрот во Загреб:„Бев на балконот кога слушнав истрели“

(ВИДЕО) Сведоштва за масакрот во Загреб:„Бев на балконот кога слушнав истрели“

Невидено злосторство се случи синоќа во Загреб, во  населбата Кајзерица, каде маж, чиј идентитет сè уште не е откриен, убил шест лица во семејниот дом, а потоа се самоубил во Брезовица, откако полицијата го лоцирала таму и дошла да го уапси.

Сведоците од околните куќи сведочат за моментот на истрелите.

„Бев на балконот кога слушнав истрели, тие беа истрели од огнено оружје, а потоа имаше и лелеци од жени“, изјави  млад човек, кој бил сведок на синоќешното пукање во населбата Кајзерица во Нови Загреб, каде се случи невидено крвопролевање.

Напаѓачот убил три жени, двајца мажи и 10-годишно момче, оставајќи живо само седуммесечно бебе. Полицијата допрва треба да ги открие деталите за ова злосторство, но се шпекулира дека мотивот бил љубомора. Убиецот, наводно, е поранешен сопруг на една од жените што ги убил.

„Во шок сме, ова е инаку тивко и мирно соседство“, рекол друг жител на улицата каде се случило злосторството, пренесуваат медиумите од Хрватска.

Синоќешното злосторство е едно од најлошите во изминатите триесет години кое се случиле во земјата.


Видео и Фото Твитер


Слично

Поврзани вести