(ВИДЕО) Сведоштва од несреќата во Португалија: Тела од автобусот паѓаа насекаде
Со неверување и измешани емоции, во шок зборуваат преживеаните од несреќата во Португалија, а мештаните од местото Мадеира кадешто се случи трагедијата се запрепастени од сцената која ја дочекале кога го виделе автобусот како се превртува под патот. Во автобуската несреќа којашто се случи во Португалија загинаа досега 29 лица и најмалку толку се повредени. Најголем број од патниците биле од Германија, туристи во посета на Португалија.
„Возачот на автобусот ја изгуби контролата врз возилото и истото започна да се врти и врти и не се сеќавам понатаму што се случи“ сведочи еден од преживеаните патници.
Додека пак луѓето кои живеат во Мадеира во Португалија каде што се случила несреќата сведочат дека кога излегле надвор за да видат што се случило, виделе тела како паѓаат наоколу, каде што се превртувал автобусот.
Туристите до Германија биле на предвелигденска
прошетка во Португалија.
Фото dnes.bg
Видео rt.com
