Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Сведочење на човекот кој бил во Нотр Дам кога избил пожарот: Излегов на улица и реков: „О, Господе“!

(ВИДЕО) Сведочење на човекот кој бил во Нотр Дам кога избил пожарот: Излегов на улица и реков: „О, Господе“!

Викарот на  архиепископијата на францускиот главен град Филип Марсе се присетува на првите минути од пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз.

На почетокот на огнот Марсе тој бил во неговата канцеларија.

"Вечерната служба почна околу 19:30 часот . Пожарот веќе изби но за него никој не знаел. Немаше никаква паника кога луѓето си одеа од мисата. Неколку минути подоцна го почувствуваме чадот, и гледајќи ја катедралата, видовме пожар на сводот, таму каде е од дрво. Веднаш излегов на улица и реков: „О, Господе“ , рекол свештеникот за Спутиник.

„Потоа дојде градоначалничката на Париз Ан Идалго, а нешто подоцна и Макрон. Тој најмногу сакаше на биде на лице место, отколку да добива информации од другите. Мислам дека неговиот нагон беше предизвикан од силни емоции. Тоа што го кажа тој на лице место беше многу потресно-додал Марсе.

Тој потсетил дека кај католиците во тек е Светата недела, која му претходи на Велигден.

-Неколку дена подоцна ние ќе го славиме Христовото воскресение - централниот настан на нашата вера. Кога вчера го видов крстот во внатрешноста на катедралата, осветлен во оган, тоа беше олицетворение што се случува со нас: крст во оган, статуата на Девица Марија и пламен-рекол викарот.

Тој повикал во тој настан да не се бара тајна смисла и изразил надеж дека тоа „било несреќен случај а не намерна акција“.

Најголемиот пожар во катедралата Нотр Дам почнал синоќа. Пламенот ја зафатил носечката конструкција. Во гаснење на огнената стихија учествувале 400 пожарникари. Пожарот дури во раните утрински часови е изгасен. Според податоци на француските медиуми, несреќата е поврзана со работите на реставрацијата. Дел од катедралата бил затворен.


FOTO: EPA

Слично

Поврзани вести