Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Свадба што ја обезбедуваа специјалци: Еврејско-муслиманска венчавка среде војна!

(ВИДЕО) Свадба што ја обезбедуваа специјалци: Еврејско-муслиманска венчавка среде војна!
Марал Малка, 23-годишна Израелка и Махмуд Мансур, 26-годишен Палестинец одлучиле да се венчаат во предградие на Тел Авив и покрај заканите со смрт и стотиците демонстранти кои се обидоа да им ја расипат свадбената веселба. Израелската полиција спречила повеќе од 200 демонстранти, израелски припадници на крајната десница, кои извикувале „смрт за Арапите“ пред салата каде се одржувала свадбената церемонија. Неколку десетици полицајци, меѓу кои и припадници на специјалните полициски единици на Израел, формирале безбедносен кордон за да ги држат демонстрантите подалеку од местото на венчавката. Четворица демонстранти беа уапсени. Адвокатот на парот безуспешно се обидел да добие судски налог за целосна забрана за одржување на протестите, па успеал само да постигне наредба демонстрантите да не смеат да се приближуваат на помалку од 200 метри од свечената сала. http://www.youtube.com/watch?v=7bk1uv-LglQ Демонстрациите ги организирала групата позната под името Лехада, чии припадници и претходно малтретирале еврејско-муслимански двојки. Како причина за спротивставувањето на мешаните бракови тие наведуваат религиозни причини, но ретко досега протестирале на местото на венчавката. Марал, еврејка која пред свадбата премина на ислам, ја нарекоа „предавничка на еврејската држава“. Од друга страна, се собрале и неколку десетици Израелци кои држеле цвеќиња, балони и транспаренти на кои пишувало „Љубовта победува се“ за да им дадат поддршка на младенците. Вљубените ја немаат поддршката ниту на таткото на невестата, кој свадбата ја опиша како многу тажен настан. Разочаран е затоа што неговата ќерка преминала во муслиманската религија, а за зетот вели дека негова маана е што е муслиман. Демонстрациите за оваа свадба дополнително ја истакнаа напнатоста меѓу Израелците и Палестинците.  
Слично

Поврзани вести