Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СУДИРИ ВО КИЕВ: Што бараат Украинците?

(ВИДЕО) СУДИРИ ВО КИЕВ: Што бараат Украинците?

Најмалку 11 луѓе денеска се уапсени во немирите пред украинскиот парламент меѓу полицијата и демонстрантите, објави „Раша тудеј“.

Кај парламентот демонстрантите вчера направиле камп по што стартувале протестите. Демонстрантите поставија повеќе од 50 шатори за долготрајни демонстрации. Во судирите полицијата употребила солзавец за да ја растера толпата.

Руската државна новинска агенција ТАСС јави дека кампот бил нападнат од украинските специјални сили.

Пред Парламентот денеска претпладне останале околу 500 лица, откако на вчерашниот протест против корупцијата, на кој присуствуваа неколку илјади луѓе, дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Организаторите на протестот бараат промена на украинските изборни закони за да се засили конкуренцијата меѓу партиите. Тие бараат и формирање антикорупциски суд.


Слично

Поврзани вести