Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Судири во Франција меѓу мигрантите и полицијата

ВИДЕО: Судири во Франција меѓу мигрантите и полицијата

Француската полиција во Кале синоќа се судри со мигрантите кои фрлаа со шишиња, а полицијата употреби солзавец за да ги растера. 

Ова се случува два дена пред планираното затворање на импровизираниот мигрантски камп, познат како „Џунгла“ во Кале. 

Група од околу 50 мигранти фрлаше камења на француските полицајци, а тие одговорија со чадни бомби и пендреци.

Властите кажаа дека не сакаат да употребат сила, но предупредија дека можеби ќе мораат да интервенираат ако некои мигранти одбијат да го напуштат кампот.

На мигрантите  им се поделени летоци со известување дека мораат да го напуштат кампот затоа што утре треба да дојдат булдожери. Според летоците, мигрантите од утрово, треба да преминат во блискиот хангар, од каде со автобуси ќе бидат превезени во други делови на Франција, од каде ќе им биде овозможено да побараат азил.

Првата  група деца без придружба, кои немаат никакви семејни врски во Велика Британија, заминаа во земјата од кампот во Кале, откако првиот бран од 39 момчиња, кои имаат роднини во Велика Британија, отидоа таму минатиот понеделник.

Во кампот во Кале има околу 7.000 мигранти, а хуманитарните групи тврдат дека има скоро 10.000 луѓе таму. 


Слично

Поврзани вести