(ВИДЕО) СУДИРИ ВО БЕЈРУТ: Демонстрантите бараат одговорност за експлозијата, има повредени војници
Нови нереди имаше синоќа во либанскиот главен град, Бејрут при што неколку војници се повредени од топлата која фрлаше со камења.
Војската со боева муниција и гумени куршуми пукаше кон демонстрантите.
Стотиците антивладини демонстранти се обидоа да влезат во претседателската палата.
Демонстрантите се собраа во предградието на Бејрут, Баабди, од каде се упатија кон претседателската палата за да го изразат својот револт бидејќи, како што изјавија, владата не презеде одговорност за неодамнешната разорна експлозија.
На пат кон претседателската палата, се собраа симпатизерите на либанскиот претседател Мишел Аун. За малку се избегнати судири.
Во експлозијата на 4 август загинаа околу 190 луѓе, а над 6.000 беа повредени.
