Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Субрата Рој со песна се брани дека е невин

(ВИДЕО) Субрата Рој со песна се брани дека е невин
Со видео спот и песна повеќе обични граѓани на Индија ја искажуваат својата поддршка за индискиот бизнисмен Субрата Рој, сопственик на групацијата „Сахара“ кој се наоѓа во притвор повеќе од еден месец. На спотот, граѓаните држат натписи со текст „Јас верувам во Сахара“ и „Јас ја поддржувам Сахара“. И песната која што оди во позадина го фали шефот на групацијата Рој. Видеото завршува со човек кој изјавува дека тој се гордее со Субрата Рој и оти неговата идеологија не може да биде затворена. Видеото се шири по социјалните мрежи и во Индија предизвикува многу различни коментари - од граѓани кои исто така го поддржуваатиндискиот бизнисмен, до други кои веруваат дека тој е измамник што на овој начин се обидува да се испере од одговорност. Претходно, своја поддршка за Рој изразија и неколку познати актери и режисери од Боливуд, кои ја обвинија индиската Влада дека сковала заговор против бизнисменот. http://www.youtube.com/watch?v=zFvmzMJNZdQ#t=105 Инаку, индискиот бизнисмен останува во затвор и натаму, откако адвокатите на неговата Сахара групација уште еднаш денеска не успеаја да издејствуваат промена на условите за одредување кауција. Врховниот суд од него бара гаранција од околу две милијарди долари за да го пушти од затворот Тихар, но групацијата „Сахара“ веќе се изјасни дека не може да ги плати тие пари веднаш, па бара тоа да го направи на рати.
Слично

Поврзани вести