(ВИДЕО) СТУДИОТО СЕ ТРЕСЕ, ВОДИТЕЛКАТА БЕГА: Израел со дронови го нападна сириското Министерство за одбрана
Израелската војска соопшти дека денеска го нападнала влезот на сириското Министерство за одбрана во Дамаск, засилувајќи ги нападите врз властите предводени од исламисти, со образложение дека сака да ја заштити друзиската заедница, објави Ројтерс.
Ова е трет ден по ред како Израел изведува напади врз Сирија, каде што безбедносните сили на сириската влада се судрија со локални друзиски борци во јужниот град Свејда.
Безбедносни извори од Министерството за одбрана за Ројтерс изјавиле дека најмалку 2 напада со дронови го погодиле објектот, при што офицерите биле принудени да се засолнат во подрумот. Државната телевизија Електбарија јави дека во нападот се ранети двајца цивили.
Израелската војска прецизира дека го погодила „влезот на воениот штаб на сирискиот режим“ во Дамаск и дека продолжува „да ги следи случувањата и мерките што се преземаат против друзиските цивили во јужна Сирија“.
Нападот бил фатен во живо за време на телевизиско пренесување, кога студиото се затресело и водителката прекинала со програмата.
Сириската влада во понеделникот испратила трупи во регионот на Свејда со цел да го сопре судирот меѓу друзиските борци и бедуински вооружени групи, но на крајот дошло до конфронтација и со самите друзиски милиции.
фото принтскринSyria BREAKING: Israeli strikes once again hit the Ministry of Defense in the center of Damascus.
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) July 16, 2025
Caught live on television. pic.twitter.com/jELgvBrHBi
