Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СТРШЛЕНИ-УБИЈЦИ: Погледнете ги убодите од овие чудовишта!

(ВИДЕО) СТРШЛЕНИ-УБИЈЦИ: Погледнете ги убодите од овие чудовишта!
Вознемирувачки снимки од Азија од убодите на џиновски азиски стршлени, кои сега и се закануваат и на Европа. Во Франција веќе се забележани шест смртни случаи како последицата на смртоносните убоди на овие инсекти. Експертите претпоставуваат дека од Франција стршлените се шират и кон Велика Британија, па таму е издадено предупредување за населението за внимателност, бидејќи стршлените носат смртна опасност. Нивниот силен отров може да предизвика алергиска реакција, па дури и откажување на органите и смрт. http://www.youtube.com/watch?v=VLjRZJcnQBI#t=28 Азискиот стршлен е сличен на европскиот, но е значително поголем. Може да достигне и до пет сантиметри, има осило долго шест милиметри со кое може повеќепати да вбризга големи количини од отровот. Во Кина од почетокот на годината се забележани дури 42 смртни случаи, а минатата недела за првпат појавата на опасните инсекти беше забележана и во Словенија, каде што ги забележал локален пчелар. Се претпоставува дека азискиот стршлен во Словенија дошол од Италија, каде неговата појава била и претходно регистрирана.
Слично

Поврзани вести