Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СТРАВИЧНИ СНИМКИ ОД ТАЈВАН: Мост се урна врз рибарски бродови, се запали такнер со нафта

(ВИДЕО) СТРАВИЧНИ СНИМКИ ОД ТАЈВАН: Мост се урна врз рибарски бродови, се запали такнер со нафта

Висок пристаништен мост преку заливот во пристаништето Нанфангао на североистокот од Тајван се урнал врз рибарски бродчиња а повредени се повеќе од 20 лица. Медиуми јавија дека има и исчезнати.

Мостот долг 140 метри се урнал околу 9.30 по локално време, додека преку него преминувала цистерна полна со нафта, па и делови од мостот и цистерната паднале на рибарските бродови, а неколку секунди подоцна почнал вистинскиот хаос: Нафтата се запалила и ги зафатила бротчињата.


Се стравува дека најмалку шест рибари се заробени во утробитр на бротчињата, на мостот имало пет лица во моментот кога се урнал.

14 најтешко повредени луѓе се пренесени во болница, а се верува дека меѓу нив е и возач на танкери.


Во потрага се уклучиле и воен хеликоптер, рибарски бродови и повеќе од 60 војници и нуркачи.

Инаку, Тајван вчера го погоди тајфунот Митаг кој донел силни ветрови со брзина од 162 км на час, поради што беа откажани 160 летови, а повеќе од 60 000 луѓе останале без струја. Меѓутоа нема официјални изјави дали бурата влијаела на уривање на мостот.



Слично

Поврзани вести