Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СТРАВИЧНИ СНИМКИ ОД СУДИРОТ ВО ШПАНИЈА: Падна крв поради референдумот за независност, молк од ЕУ!

(ВИДЕО) СТРАВИЧНИ СНИМКИ ОД СУДИРОТ ВО ШПАНИЈА: Падна крв поради референдумот за независност, молк од ЕУ!

Избирачките места ширум Каталонија се отворени за гласање за независност на тој шпански регион.

Најмалку 300 лица се повредени во судирите со полицијата во Барселона, соопшти Каталонската служба за итни ситуации.


Поголем дел од повредените граѓани се здобија со полесни повреди, додека тројца се потешко повредени, наведува таа служба на својот Твитер профил, пренесува Ројтерс.


Каталонскиот лидер Карлес Пуџемон изјавил дека шпанската национална полиција употребила „неоправдано насилство“ против луѓето во Барселона, кои сакале да гласаат на референдумот за независност, кој го забрани Мадрид.


„Неоправдано користење на сила од страна на шпанската држава која ирационално и неодговорно, нема да го запре каталонскиот народ“, рекол Пуџемон реагирајќи на употребата на гумени куршуми против демонстрантите пред гласачките места во Барселона.

Во Каталонија денес се одржува референдум за независност на тој шпански регион кој централната влада во Мадрид го смета за неуставен.

Од Европската унија засега молк. Никој не излезе да го осуди насилството кое се случува во земја која е членка на ЕУ и која зборува за демократија.

Слично

Поврзани вести