(ВИДЕО) Стравична несреќа во САД: 20 мртви при судир на лимузина и возило
Во американската сојузна држава Њујорк во несреќа во Скохери загинале 20 луѓе кога една лимузина се судрила со друго возило.
Лимузината, во која се наоѓале сватови, при голема брзина се спуштила низ брдо и налетала на минувачи кај продавници кои се популарни меѓу туристите.
Инцидентот се случил во градот Скохери, околу 270 км од Њујорк.
Властите не ги соопштија имињата на загинатите ниту пак дали сите настрадани биле патници во лимузината.
Слично
