(ВИДЕО) СТРАВ ВО ВУХАН: Снимка открива што прават медицинските сестри за заштита од корoнавирусот
Медицинските сестри во кинескиот град Вухан работат за да спречат ширење на коронавирусот, а на социјалните мрежи се појави снимка каде се гледа како тие се потстрижуваат поради коронавирусот.
Објаснуваат дека косата им пречи додека работат, а воедно се плашат и да не се заразат преку косата. Европската Унија потенцираше дека е неопходно да се делува здружено за спречување на ширење на вирусот. Вухан е град кој важи за жариште на коронавирусот. Во овој кинески град за многу кратко време беа изградени две болници за заразените со коронавирус. Кина со карантини се бори против опасниот вирус.
Слично
