(ВИДЕО) Страшниот ураган „Никол“ ги „посети“ Бермудските острови: Корнеше дрвја и кровови од куќи
Ураганот „Никол“ ги погоди Бермудските острови, носејќи кровови од куќи и корнејќи дрвја, пред да премина на Атлантикот.

Невремето ослабна од категорија четири на три, но и понатаму е проследено со ветрови кои дуваат со брзина поголема од 205 км/ч.
Тимовите за вонредни ситуации се на терен, каде ги расчистуваат улиците, и ги поправаат објектите и урнатите електро водоводи.
„Во моментов немаме информации за евентуални загуби на човечки животи или повредени“, рекол премиерот Мајкл Данкли за Ројтерс.
Downtown Hamilton #Bermuda. Ghost town as incredibly dangerous #HurricaneNicole approaches. pic.twitter.com/BV2csbnu4W
— Bobbi S (@Sportschickca) October 13, 2016
Ударот на бурата бил помал отколку што се очекувало, но е причинета значајна штета на инфраструктурата. Патиштата се поплавени а се уништени и повеќе бродови.

Училиштата и владини институции вчера биле затворени а сите летови биле откажани.
