(ВИДЕО) Страшни борби во Сирија: Армијата на Асад урна клучна опсада на „Исламска држава“
Војната во Сирија продолжува со полна сила. Нови видео снимки покажаа дел од операција на сириската армија, која ја крши долгогодишната блокада на „Исламска држава“ на воздухопловната база во северниот дел на Алепо. Според изданието „Руска пролет“, во последните три години војниците од владините сили постојано вршеле бомбардирање за да ги избркаат екстремистите.
Пред почетокот на опсадата на базата во неа работеле околу 600 лица - пилоти, студенти по авијација, училишен и технички персонал.
Низ годините радикалните милитанти направиле вкупно четири основни обиди за напад над авиобазата. Во август 2015 година е направен и најсериозен напад, во кој учествувале повеќе од 600 борци. Тогаш екстремистите направиле обид да ја пробијат одбраната. Во наредните битки армијата на Асад ги уништила оклопните возила и десет терористи, поради што екстремиститте биле принудени да се повлечат.
Од септември 2015 година владините трупи формираат одред за ослободување на авиобазата. Армијата почнува да ја чисти територијата во насока на воздухопловната база. Според првите извештаи сириските војници го ослободиле последното село под контрола на забранетата група „Исламска држава“ и стигнале до базата на воздухопловните сили.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/QHd1Z3L-A_s[/embed]