Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО УКРАИНА: Испразнет е еден град каде гори муниција

(ВИДЕО) СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО УКРАИНА:  Испразнет е еден град каде гори муниција

Скоро сите жители на градот Балаклеј во Украина, се евакуирани поради огромните пожари и експлозијата во складиштето со муниција  најголемото во целата земја. 

По силната експлозија, избувнал огромен пожар, а потоа одекнале уште неколку мали експлозии. На снимките од местото на настанот се гледа огромниот пожар кој го осветли ноќното небо, а жителите објавиле дека експлодирала муниција. 

Направена била безбедносна зона во радиус од 7 километри. 


Целата област околу складиштето била оштетена, а вистинскиот хаос настанал кога владата на Балаклеј веднаш по експлозијата нредила евакуација на градот. Градските власти од овој град потврдија за агенцијата RIA News дека најголем дел од градот е евакуиран.

„Првиот дел од евакуацијата е завршен, и поголемиот дел од населението се пренесени со автобуси. Сега автобусите се враќаат за да ги соберат останатите луѓе. Специјалци одат од куќа до куќа да проверат дали има останато жители"- се наведува во изјавата. 

Од Министерство за одбрана, велат дека во ова складиште имало околу 138.000 тони муниција, меѓу кои најмногу тенковски и артилерски гранати од 125 и 152 милиметри, пренесува „Спутник". Во градот се отворени два центри за евакуација, а кон местото на настанот тргнала и официјална комисија од Киев, предводена од заменик-министерот за одбрана, Игор Павловски. 

Слично

Поврзани вести