Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Страшен земјотрес во Чиле, најмалку петмина загинати!

(ВИДЕО) Страшен земјотрес во Чиле, најмалку петмина загинати!
Најмалку пет лица го загубија животот во разорниот земјотрес со интензитет од 8,2 степени според Рихтеровата скала, што го погоди Чиле. Според сеизмолозите, епицентарот на земјотресот бил на 10 километри под морското дно, околу 80 километри северозападно од пристаништето Икике, во близина на границата меѓу Чиле и Перу. http://www.youtube.com/watch?v=-enNPK5GNHk Земјотресот предизвика цунами, а првите бранови стигнале до копното на Чиле за 45 минути од потресот, а највисокиот од нив бил 2,3 метра. Чилеанските власти наредија превентивна евакуација на крајбрежните области, во очекување на поголеми бранови, а во опасност се и бреговите на Перу, Еквадор, Колумбија, Костарика, Никарагва и Панама. Потресот предизвикал и лизгање на земјиштето и одрони, така што се блокирани и дел од автопатите и локалните патишта. http://www.youtube.com/watch?v=NYD7M4jdhlA#t=52 Паниката од земјотресот ја искористија околу 300 затвореници во затворот во Икике, кои успеале да побегнат, соопшти чилеанското Министерство за внатрешни работи. Последниот силен земјотрес го погоди Чиле во 2010 година со јачина од 8,8 степени по Рихтер, а во потресот и цунамито потоа загинаа 526 лица. http://www.youtube.com/watch?v=kX31oWvzEoc
Слично

Поврзани вести