Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Страотни снимки од пожарот во Лондон

(ВИДЕО) Страотни снимки од пожарот во Лондон

Повеќе од 12 луѓе загинаа, а 74 се примени во болница со повреди по пожарот што избувна завчеравечер во Grenfell Tower во Лондон. 

Медиумите и граѓаните објавија снимки од страшниот пожар кој траеше со часови.


На една од снимките се слуша како жена моли да ѝ ги спасат децата, а друго си го фрли бебето од 10. кат за да го спаси. Станарите и пожарникарите успеаја да го фатат во кебе. Меѓу загинатите има и дете кое зафатено од пламенот паднало преку прозорец.


Над 200 пожарникари се бореа со огнената стихија. 

Пожарот целосно ја уништи зградата. Медиумите објавија дека станарите претходно биле предупредени дека немаат соодветен противпожарен систем. Зградата е изградена во 1974 година и тогаш имало други правила за противпожарна безбедност. Зградата имала само едни внатрешни скалила, а надворешни за во случај на пожар нема.

Во зградата живеат 125 семејства. 

Слично

Поврзани вести