(ВИДЕО) СТРАОТНИ СЦЕНИ ОД БОЛНИЦАТА ВО ГАЗА: Насекаде има тела, а повредените молат за помош
Репортерот на „BBC“ Аднан Ел-Бурш паднал на колена додека известувал од болницата во Газа откако видел десетици пријатели и соседи меѓу загинатите и ранетите во израелското бомбардирање. Тој не можел да се соземе од стравотнта глетка во болницата, пренесува Dailymail.co.uk
Тој ја опишал ситуацијата во болницата Ал-Шифа, најголемата медицинска установа во појасот од 40 километри, како трауматична.
„Насекаде има тела, а повредените молат за помош“, вели новинарот.
Се гледа млада девојка со крваво лице како седи во болнички кревет, плаче и целата е со прашина додека докторот ги прегледува нејзините нозе. Таа открива дека го изгубила домот и дека нејзините роднини се убиени.
Израелските одбранбени сили (ИД) денеска ги гранатираа јужните делови на Либан, како одговор на експлозијата на безбедносната ограда во близина на кибуцот Ханит.
Луѓето бегаат од Газа со превозни средства или пеш.
Фото EPA-EFE/HAITHAM IMADBBC reporter documents his hospital visit in Gaza, "I have seen things I can never unsee." pic.twitter.com/IwFCT4pOUK
— bread and circuses (@phortuenti) October 13, 2023
