(ВИДЕО) Страотни поплави однесоа во смрт над 150 луѓе во Шри Ланка
Најмалку 153 луѓе загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од циклонот Дитва во Шри Ланка, додека 191 лице се води за исчезнато. Над половина милион жители се во опасност, објавија денеска локалните власти.
Како што објави Центарот за управување со катастрофи, околу 78.000 луѓе се преместени во речиси 800 прифатни центри, најчесто сместени во училишта.
Илјадници полицајци, маринци и војници доставуваат храна до погодените, ги чистат патиштата и ги преместуваат ранливите семејства на безбедни локации.
Во градчето Малвана, лоцирано на околу 20 километри од Коломбо, 554 жители беа најтешко погодени од најлошата поплава во последните десет години. Повеќето од нив останаа без своите домови. И за викендот ќе врне.
И во 2016 година во државата имаше разорни поплави. И во 2010 година исто имаше слична катастрофа.
foto EPA/CHAMILA KARUNARATHNE