Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СТРАОТНА НЕСРЕЌА ВО РОМАНИЈА: Минибус со патници паднал во реката Дунав

(ВИДЕО) СТРАОТНА НЕСРЕЌА ВО РОМАНИЈА: Минибус со патници паднал во реката Дунав

Страшна несреќа се случи во Романија. Минибус со патници паднал во реката Дунав откако се судрил со друг автомобил на вијадукт во Иловица во западниот дел на државата.

Патниот сообраќај е целосно блокиран. Мобилизирани се нуркачи од Крајова и Карас-Северин, а хеликоптерот СМУРД е пренасочен за што поскоро да ја пренесе нуркачката екипа до местото на несреќата.

„Засега немаме потврда за бројот на луѓе во минибусот. Можно е да се работи само за возачот и уште едно лице, но ние се уште ја третираме ситуацијата како да има повеќе луѓе под вода“, објасни Раед Арафат од Одделот за вонредни ситуации.

Кажа дека Дунав е матен, а шансите за преживување се мали по неколку минути поминати во водата. 

Слично

Поврзани вести