Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СТРАОТНА ГЛЕТКА: Руски проектил уби 11 луѓе во зграда во Лозова

(ВИДЕО) СТРАОТНА ГЛЕТКА: Руски проектил уби 11 луѓе во зграда во Лозова

Украинските власти објавија дека има нови жртви. 

Единаесет луѓе загинаа по ракетирањето на градот Лозова во украинската област Харков. Информацијата ја потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски. На снимката на Фејсбук се гледа облак од чад кој се издига над зградата погодена од проектил, јавува Индекс.

Претседателот изјави дека е зафатена зградата на Домот на културата и дека загинале 11 лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете.

„Окупаторите ги земаа културата, образованието и човештвото за свои непријатели. Тие ги гаѓаат со проектили и бомби. Што им е во умот на луѓето кои избираат вакви цели (за гранатирање)? Апсолутно зло, апсолутна глупост“, напиша Зеленски.

Денеска е 86-от ден од војната во Украина. 

фото Принтскрин


Слично

Поврзани вести