Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Стотици луѓе го кажаа последното збогум со убиениот руски пилот 

(ВИДЕО) Стотици луѓе го кажаа последното збогум со убиениот руски пилот 

Стотици луѓе го кажаа последно збогум со рускиот пилот кој загина откако турски борбени авиони го соборија бомбардерот „Су-24“. Погребот на Пешков се одржал во катедралата во Липецк, пренесе „tvzvezda.ru“.

Роднини, пријатели и колеги на Авијатичарот дојдоа во рускиот град, за да му оддадат последна почит на херојот кој ги исполни своите обврски кон земјата до самиот крај.

Олег Пешков го предводел екипажот на рускиот бомбардер „Су-24“, кој беше соборен од турски борбени авиони. Тој почина откако джидахистите од сириска радикална група пукале во катапултираниот пилот. За храброста на потполковникот Пешков му беше доделена постхумана титула „Херој на Русија“.

На пат кон дома телото на загинатиот пилот беше придржувано со борбени авиони. На воениот аеродром во Москва посмртните останки беа пречекани од министерот за одбрана и командантот на „SCM“ на Русија, кои се приклучија и денес кон погребот на пилот.

На барање на своето семејство, Олег Пешов ќе биде погребан во алејата на почесните граѓани во Липецк со полни воени почести.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/VRNyiEUKgXg[/embed]
Слично

Поврзани вести