Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СТОТИЦИ ЛУЃЕ УПАДНА НА АЕРОДРОМ ВО РУСИЈА, БАРАА ЕВРЕИ: Во големите нереди уапсени се 60-тина демонстранти

(ВИДЕО) СТОТИЦИ ЛУЃЕ УПАДНА НА АЕРОДРОМ ВО РУСИЈА, БАРАА ЕВРЕИ: Во големите нереди уапсени се 60-тина демонстранти

Шеесет лица се приведени откако синоќа стотици антиизраелски демонстранти упаднаа на аеродромот во Махачкала во претежно муслиманскиот регион Дагестан во Русија, јави утринава новинската агенција РИА.

РИА објави дека се идентификувани 150 од најактивните демонстранти. Во инцидентот се повредени девет полицајци, од кои двајца се згрижени во болница.

Тие синоќа упаднале на пистата и зградата на аеродромот во Махачкала, главниот град на Дагестан, руска република со мнозинско муслиманско население, по најавата за пристигнување на авион од Тел Авив.

Полицијата на Русија доцна синоќа соопшти  дека сите „неовластени граѓани“ се отстранети од аеродромот во Махачкала и дека ситуацијата е под контрола. Воздухопловните власти соопштија дека аеродромот во Махачкала ќе остане затворен до 6 ноември.


Слично

Поврзани вести