Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Стотици демонстранти се обиделе да упаднат во американскиот конзулат во Карачи, има загинати

(ВИДЕО) Стотици демонстранти се обиделе да упаднат во американскиот конзулат во Карачи, има загинати

Стотици демонстранти се обиделе да упаднат во американскиот конзулат во Карачи по регионалната ескалација.

Најмалку осум лица загинаа денеска за време на проиранските протести кај конзулатот на САД во пакистанската метропола Карачи, соопшти портпарол на спасувачката служба.

„Пренесовме најмалку осум тела во цивилните болници во Карачи, додека уште 20 лица се повредени во инцидентот кај конзулатот“, изјави Мухамед Амин, портпарол на спасувачката служба на Edhi Foundation, додавајќи дека повеќето од повредените имале прострелни рани.

Стотици проирански демонстранти се обиделе да упаднат во конзулатот по американско-израелските напади врз Иран.

И во Ирак имаше слични проблеми. Луѓето сака да упаднат во зоната каде што е амбасадата на САД.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести