Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Столтенберг: Воените вежби се предупредување за Русија

(ВИДЕО) Столтенберг: Воените вежби се предупредување за Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјавил дека воените вежби „Trident Juncture“ на југот на Европа претставуваат предупредување за сите „Потенцијални противници на НАТО“, вклучувајќи ја и Русија.

На територијата на Шпанија, Португалија и Италија на 21 октомври почнала активна фаза на НАТО вежби кои ќе траат до 6 ноември. Во нив учествуваат 36 000 војници од 30 земји во светот, меѓу кои се и Австрија и Швајцарија, кои не се членки на НАТО. Ангажирани се 140 авиони , 90 бродови и подморници.

„Важноста на вежбите“ е во тоа што НАТО дава јасен сингал: спремни сме да ја заштитиме цела Алијанса од било какви закани: Ова е период во кој НАТО и се прилагодува на новата реалност“, изјавил Столтенберг во интервју за шпански ЕјБиСи. Според неговите зборови оваа нова реалност се одликува со „нестабилност и насилство на Блискиот исток и северна Африка, на јужните граници“.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/FXIUOfMOKDI[/embed]

„Пораката е упатена за секој потенцијален противник: НАТО е спремен брзо да покрене вооружени сили и можеме тоа да г направиме на земја, на море и во воздух“, изјавил генералниот секретар на Алијансата одговарајќи на прашањето дали меѓу адресираните е и Русија.

„Мораме да одговараме и да го зголемиме степенот на подготвеност на нашите сили и способност за брзо распоредување“, изјавил Столтенберг. Тој во среда ќе ја посети и базата Сан Грегорио во Сарагоса, каде исто така се водат вежби.

Слично

Поврзани вести