Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Столтенберг: Руската армија некогаш беше втора најсилна во светот, а денес е втора во Украина

(ВИДЕО) Столтенберг: Руската армија некогаш беше втора најсилна во светот, а денес е втора во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вели дека руската армија некогаш беше позната како втора најсилна армија во светот, а денеска е втора најсилна во Украина.

Toj пред претставниците на Европарламентот рече дека Украинците победуваат во својата контраофанзива и освојуваат нова територија. За тоа дека делови од руски дрон паднаа во Романија, рече дека чекаат детали од истрагата. Но, немаат информации дека се работи за намерен напад. 

Столтенберг изјави дека руската агресија предизвикала драматични промени, вклучително и зголемена поддршка за проширување на НАТО и зајакнување на украинската војска. Тој потсети дека соработката меѓу НАТО и ЕУ е поважна од кога било и дека не смее да прекине континуираната поддршка на Украина, „ниту во добри, ниту во лоши времиња“.

Ги повика и членките на ЕУ и НАТО да инвестираат повеќе во одбраната, имајќи предвид дека огромното мнозинство на инвестиции во НАТО доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ. Четири дена по ред, руските сили ја гаѓаат Одеса. Русија лани на 24 февруари ја почна војната во Украина, со план за денацификација, демилитаризација на Украина и заштита на руското население во Донбас. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести