(ВИДЕО) СТИГНАА ПРВИТЕ СНИМКИ ОД СТРАШНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО КИНА - најмалку тројца загинати
Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди кинеската провинција Јунан, при што загинаа три лица, а 27 беа повредени, јави денеска државната телевизија.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри, проследен со последователни потреси, објави ЦЦТВ.
Следуваше земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала
Државната телевизија цитира официјални лица кои пријавиле нарушување на некои сообраќајни линии поради уривање на неколку патишта и отворање на свлечишта, но нагласиле дека работат струја, телефони и интернет.
Државниот медиум Глобал Тајмс објави на Твитер дека е прогласена вонредна состојба и дека се започнати операции за спасување во градот Дали во провинцијата Јунан, во кој живеат околу 134.000 жители и се наоѓа на околу 24 километри од епицентарот.
Вториот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди и провинцијата Кингхај во западна Кина во саботата.
Извор, фотИзвор, фото и видео Индекс.хр
