Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СТИГНА „АНАНАС ЕКСПРЕС“: Голема бура ја погоди Калифорнија, мештаните се подготвуваат за поплави

(ВИДЕО) СТИГНА „АНАНАС ЕКСПРЕС“: Голема бура ја погоди Калифорнија, мештаните се подготвуваат за поплави

Силна бура, позната под името „Ананас експрес“, го погоди северот на Калифорнија и донела обилни врнежи, пренесуваат светски медиуми.


Националниот пар Јосемити е затворен, а бурата се заканува со покренување на лизгање земјишта во сојузната американска држава, која претрпе страшни последици на од пожарот минатата есен.


Бурата би можела да претставува  прв тест за делумно поправениот дел од највисоката брана во САД, која замалку ќе се урнеше лани.

Поради поплавите се затворени и поедини патишта, а на меѓународниот аеродром во Сан Франциско се откажани околу 150 летови, додека останатите летови се откажани за еден час или повеќе.


Како што е порано најавено, на планините во регионот Санта Круз би можеле да паднат и до 20 цм дожд за три дена, поради што метеоролозите предупредуваат на можни поплави, лизгалишта и одрони.

Слично

Поврзани вести