(ВИДЕО) Старица им одржа лекција на џихадистите
Непозната старица одржала кратко, но многу емотивно „предавање“ на припадниците на Исламската држава, повикувајќи ги да му се вратат на Бог.
Таа на улицата запрела автомобил во кој се наоѓале џихадистите, ги нарекла ѓаволи и истакнала дека ако не егзекутираат други нема ни нив да ги егзекутираат.
На одговор на џихадистите дека тој ги бара оние кои убиваат деца, старицата ги запрашала што е со Курдите кои џихадистите ги убиваат и додала дека тоа е забрането да се прави.
„Ви се колнам дека ништо што правите не е по божји начин. Вратете му се на Бог. Никој нема да победи, ни вие, ниту Башар (ал Асад, претседателот на Сирија). Се што правите не враќа назад. Само ќе продолжите да се убивате меѓу себе како магариња. Бог нема да го запре режимотм ниту вас ќе ве направи успешни“, наведува старицата.
Единствен дел од разговорот во кој џихадистот се согласил со старицата е дека во САД се среќни бидејќи муслиманите се убиваат меѓусебно.
„Но вие сега добивате пари од Америка, добивате оружје од Америка и сакате да се убиете меѓусебно. Вашата држава е проклета“, додала старицата, изговарајќи потоа цитати од Куранот.
