ВИДЕО: Старец (87) нуди милион долари на оној кој ќе успее да направи една работа …
Џејмс Ренди (87), познатиот американски маѓионичар, веќе неколку децении води беспоштедна војна против сите оние кои со трик, опседнатост или вешта измама се обидат да ја уверат јавноста дека располагаат со паранормални, натприродни сили. Џејмс нуди дури милион долари за онаа личност која може да докаже дека поседува паранормална активност.
Сакате милион долари? Ќе ви дадам милион долари-им порачал Џејмсна сите гатачи, исцелители и други кои заработуваат пари на таканаречените паранормални активности, измамувајќи ги лековерците.
Ренди овој предизвик прв пат го објавил во 1964 година, а тогаш наградата изнесувала дури 1000 долари. Од 1964 до 1982 според неговите наведувања, на предизвикот се јавиле 650 лица но ниту еден не го прошло прелиминарниот тест. Оние кои мислат дека се е лага, Ренди уверува дека парите се спремни на неговата посебна сметка.
-Нема смисла само некои да ги прозиваме дека се измамници. Сите се измамници-одлучен е магионичарот, чиј животен повик е да ги спасува лековерните луѓе од измамници.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/2MFAvH8m8aI[/embed]