(ВИДЕО) Стампедо однесе во смрт 153 луѓе
Забавата за Ноќ на вештерките во Јужна Кореја одзеде 153 жртви.
Во тесна стрмна улица имало стотина луѓе кои не можеле да излезат, па почнале да паѓаат. Се создал метеж од луѓе кои не можеле да се движат па во обид да го напуштат местото, започнало и стампедото.
Големата гужва, ја попречувала и спасувачката мисија. Околу 90 проценти од жртвите се идентификувани по корејските лични карти кои се издаваат за сите жители над 17-годишна возраст. Останатите починати во стампедото кое се случи во сеулскиот кварт за забава Итаевон се или странци, или Корејци помлади од 17 години. Меѓу настраданите досега се потврдени и жртви од Иран, Норвешка, Узбекистан и Кина.
Властите во Јужна Кореја прогласија национална жалост и изразија сочувство за загинатите.
