Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СТАМПЕДО: Луѓето газеа врз телата, раскажуваат сведоците

(ВИДЕО) СТАМПЕДО: Луѓето газеа врз телата, раскажуваат сведоците

Луѓето кои во моментот на експлозијата биле во Манчестер арената на концерт велат дека имало паника меѓу присутните. 

Кетрин Мекфарлен која била на лице место раскажува дека почувствувала силна експлозија додека ја напуштала арената. 

„Тргнавме кон излезот и одекна силна експлозија по што сите почнаа да врескаат“ - вели таа. 


Таа тврди дека експлозијата била толку силна што осетила како да е тоа удар во гради. 

„Беше хаотично. Сите врескаа и се обидуваа да побегнат“ - раскажува девојката. 

Експлозијата се случила во моментот кога била испеана и последната песна на концертот. 

Рејчел од Барнсли која била на концертот со својата 14 годишна ќерка вели дека за да го избегнат метежот, при крајот на концертот тргнале да излезат. 


Слушнала страшен удар, а кога се свртела видела стампедо од луѓе. 

Додава дека побегнале, а луѓето биле газени на подот. 

Енди кој бил кај влезната врата чекајќи ги своите сопруга и ќерка, вели дека настанот изгледал како воен филм. Околу него имало 20 до 30 тела. 

Слично

Поврзани вести