Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Српски министер ќе добие отказ поради сексистички коментар кон новинарка

(ВИДЕО) Српски министер ќе добие отказ поради сексистички коментар кон новинарка

Министерот за одбрана, Братислав Гашиќ на посетата на Првата наменски изградена перолетка, со непристоен коментар навреди новинарка.

Министерот давал изјава кога една новинарка клекнала за да не влезе во кадар, па Гашиќ искоментирал: Сакам новинарки кои вака лесно клекнуваат.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=MmtGxFFybZc[/embed] По непристојниот коментар, министерот Гашиќ и се извини на новинарката и на српската јавност. „ Сакам јавно да и се извинам на новинарката Златија Лабовиќ и српската јавност поради моето денешно срамно и скандалозно однесување. За мојата изјава немам оправдување. “ – рече министерот.

Поради сексистичкиот коментар, премиерот на Србија, Александар Вучиќ најави дека ќе го смени министерот за одбрана.

„За вакво нешто нема оправдување. Им се извинувам на новинарките и добро е што Гашиќ се извини, но тоа не е доволно. Затоа тој не може да остане министер”- изјави премиерот Вучиќ.

Слично

Поврзани вести