(ВИДЕО) Срби заминале заедно со Русите да се борат во Запорожје
Платеници од Србија заминаа да се борат во Запорожје, во Украина. Информацијата ја објавија од „Русско-српското друштво орли“. Велат дека баталјонот именуван по советскиот генерал Павло Судоплатов е полн со Срби кои сакаат да ги штитат руските граници како што се наведува.
„Момците од Белград се вистински патриоти. Нашите браќа по оружје пристигнаа во регионот на Запорожје, и покрај забраната на српското законодавство за српските граѓани да учествуваат во специјална воена операција“, стои во објавата.
Еден од Србите рече дека со Русите се случува она што се случуваше во деведесеттите во Југославија.
Српскиот закон им забранува на Србите да водат војна на туѓа територија. Се смета дека лани во декември, групата Вагнер стигнала во Белград.
Видеото можете да го видите овде.
