(ВИДЕО) СПРЕМНИ СЕ ЗА ПРИМИРЈЕ: Хамас сака да се договори да ги пушти заложниците
Палестинската терористичка група Хамас бара целосен прекин на војната.
Делегација на Хамас вчера беше во Каиро за да се обиде со посредници да најде решение за војната. Тие синоќа го напуштија египетскиот главен град по „интензивни разговори“ со египетските власти.
„Хамас е подготвен за размена на заробеници (израелски заложници за палестински затвореници) во еден контингент и за петгодишен прекин на огнот“, изјави еден од неговите претставници за АФП, кој сакаше да остане анонимен.
На 7 октомври во 2023 година Хамас го нападна Израел со барање за формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим, како и ослободување на затвореници од израелските затвори.
Израелците протестираа со барање власта да преговара и да ги врати нивните блиски пред да биде доцна.
Хамас денеска го осуди претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, кој припадниците на исламистичкото движење ги нарече кучкини синови.
фото принтскрин
