(ВИДЕО) Спасувачите извлекоа бебе од урнатините во Венецуела
Спасувачи извадија бебе од урнатините по земјотресот во Венецуела.
Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како спасувачите во градот Ла Гваира го вадат бебето од урнатините и го предаваат на маж за кој се верува дека е негов татко. Агенцијата АФП известува дека малку подоцна и мајката на бебето е извлечена жива од урнатините.
Спасувачките операции продолжуваат низ целата земја по двата последователни земјотреси, во кои загинаа најмалку 920 луѓе, додека повеќе од 3.360 беа повредени, објавува Би-Би-Си.
Земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала пред три дена ја погодија земјата.
фото принтскрин
Слично
