Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СПАСЕНО ДЕТЕ ОД ПОД УРНАТИНИТЕ ВО ГАЗА: Бебето било дома со семејството кога се случил нападот

(ВИДЕО) СПАСЕНО ДЕТЕ ОД ПОД УРНАТИНИТЕ ВО ГАЗА:  Бебето било дома со семејството кога се случил нападот

Палестинско бебе е спасено од под урнатините. Спасувачите во градот Рафах, на југот на Газа, извлекоа бебе од урнатините по израелски воздушен напад, јавува Би-Би-Си.

Луѓето ја спасиле Маријам Абу Акел од под урнатините.  Бебето било дома со своето семејство кога се случил нападот, при што биле убиени нејзината мајка и сестра, објави Ројтерс. Нејзиниот татко и помалиот брат преживеале.

„Во истиот воздушен напад загинаа 20 лица, а 55 се повредени“,  соопшти портпаролот на Министерството за здравство кое го води Хамас.

Повеќе од 21.500 луѓе загинаа во Газа од 7 октомври наваму. Терористичката палестинска група Хамас го нападна Израел, а оттогаш израелската армија спроведува офанзива во Газа. 

фото: принтскрин


Слично

Поврзани вести