(ВИДЕО) СПАСЕНИОТ ПИЛОТ: Ниту влеговме во турски воздушен простор, ниту бевме предупредени
„Невозможно е да сме го повредиле нивниот воздушен простор дури ни за секунда.Летавме на висина од 6.000 метри во сосема ведри временски услови и јас имав целосна контрола на нашата патека на лет.“ – вели преживеаниот рускио пилот Константин Мурактин за руските медиуми.
Освен тоа, пилотот тврди дека немало предупредување, пред турските авиони да го соборат рускиот СУ-24.
„Всушност, воопшто немаше никакво предупредување. Ниту преку радио, ниту визуелно, така што во ниеден момент ние не го сменивме нашиот курс. Мора да ја разберете разликата во брзината помеѓу тактичкиот бомбардер како што е Су-24 и таа на Ф-16. Ако сакаа да нè предупредат, можеа и да ни седнат на крилото“, вели Мурактин, кој во моментов закрепнува во руската воздухопловна база во Латакија, северна Сирија.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/HBmL_5V9TSE[/embed]Мурактин беше спасен во 12-часовна заедничка операција на руските и сириските специјални сили.
Вториот руски полот најверојатно е убиен, а бунтовничката туркменистанска бригада тврди дека нејзините припадници го застрелале додека паѓал со падобранот.
Затоа, пилотот Мурактин вели дека едвај чека да заздрави и да се врати на фронтот за да го наплати долгот за неговиот колега.
