(ВИДЕО) СОСТАВЕН ОД 100 ВАГОНИ: Најдолгиот воз на светот мина низ швајцарските Алпи
Составен од 100 вагони, најдолгиот патнички воз на светот од скоро 2 километри помина низ Алпите во Швајцарија. Возот е долг 1.910 метри, патуваше низ Алпите во источниот швајцарски кантон Граубинде, а превезуваше 150 патници.
Фирмата Ретиен Реилвеј РхБ го урна светскиот рекорд за најдолг воз по повод 175 годишнината на швајцарската железница.
Рутата е впишана во Списокот на светско наследство на УНЕСКО од 2008 година и поминува низ 22 тунели, преку 48 мостови, вклучувајќи го и познатиот виадукт Ландвасер. Претходно во Сахара е забележан најдолгиот воз на светот.
Слично
