(ВИДЕО) Соборен рекордот за скок од вселената!
Алан Јустас, директор на Гугл, вчера скокнал од раббот на Вселената, од височина од речиси 42 километри, со што го собори рекордот на Феликс Баумгартнер. Скокот го извел вчера, во целосна тајност!
Јустас скокнал од неверојатни 41.842 метри и цели 15 минути паѓал кон Земјата. Баунгартнер пред само две години скокна од висина 39.044 метри.
http://www.youtube.com/watch?v=zp7sfJbdv2I
57-годишниот директор на Гугл сам си го финансирал овој подвиг, а изведувањето на скокот го скрил од јавноста. До стратосферата се искачил со балон со хелиум, додека Баумгартнер се искачи со капсула.
Од балонот се ослободил со помош на мал експлозивен уред и летнал кон Земјата.
„Беше тоа лудо возење! Беше неверојатно. Беше преубаво. Ја видов темнината на вселената и слоевите од атмосферата кои претходно не можев да ги видам“, изјави Јустас за „Њујорк тајмс“ по изведувањето на скокот.
Слично
