ВИДЕО: Со сообраќајка почина аргентинскиот министер за транспорт
Аргентинскиот министер за транспорт Марио Меони загина доцна во петокот вечерта во сообраќајна несреќа на околу 110 километри западно од Буенос Аирес.
Несреќата се случила кога Меони возел сам за време на бура кон неговиот роден град.
Локална радио станица објави снимки од пожарникари и превртено возило, пренесува Ројтерс.
„Со неговата смрт, Аргентина губи темелен, неуморен и искрен политичар и примерен службеник“, рече претседателот на таа земја, Алберто Фернандез.
Меони е министер за транспорт во Владата на Аргентина од 2019 година.
Слично
