(ВИДЕО) Со слики на Абдула Оџалан, Курди упаднаа во Европскиот Парламент
Група од 15 до 20 Курди упадна во Европскиот Парламент.
Тие носеа слики со ликот на затворениот Абдула Оџалан, еден од основачите на Курдистанската работничка партија (ПКК), милитантна група која се бореше против Турција за независна држава. Турција, САД и ЕУ ја означија ПКК како терористичка организација.
Видеото можете да го видите тука.
Група членови на парламентот, меѓу кои и претседателката Роберта Мецола, отишле да преговараат со активистите кои одбиле да заминат.
„Постоеше загриженост дека некој ќе се повреди како дел од протестот“, им рече Мецола на европратениците.
Сузана Цекарди, италијанска пратеничка во Европскиот парламент од екстремно десничарската партија Лига, на Твитер ја опиша безбедносната реакција на парламентот како „срамна“. Група активисти дистрибуираа летоци на кои пишуваше: „Условите во самицата, наметнати на Абдула Оџалан се единствени во светот и се против сите меѓународни конвенции за заштита на правата на затворениците“.Курдска работничка партија, попозната како ПКК, курдска милитантна организација која водела вооружена борба против Турција од 1984 година до 2013 година, за остварување права на самоопределување на Курдите во Турција. Организацијата е основана во 1973 година во селото Фис од страна на група курдски студенти предводени од Абдула Оџалан. Тој е уапсен во 1999 година.
