Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Со карта за во вселената Русија ќе се бори за вселенска доминација

(ВИДЕО) Со карта за во вселената Русија ќе се бори за вселенска доминација
Русија неодамна успешно ја лансираше својата најнова тешка ракета – носач „Ангара“, која е развивана со намена за лансирање вселенски летала со човечки екипажи, соопшти руското Министерство за одбрана. Лансирањето на ракетата „Ангара – А5“ од космодромот Плесетск со помош на видео линк го следел и рускиот претседател, Владимир Путин, пренесува агенцијата „АФП“. „Ова е голем и многу важен настан за нашата вселенска индустрија, но и за цела Русија“, истакнал Путин. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=lDydw8QaFU0[/embed] Пробното лансирање на полесната верзија на ракетата „Ангара“ во јуни имаше неуспешен завршеток поради изненадно автоматско откажување на лансирањето. „Ангара“, која е дизајнирана да го замени постариот модел на ракетата – носач која потекнува од ерата на Советскиот Сојуз како „Протон“, е првата ракета што во потполност е произведена во Русија по распадот на СССР, пренесуваат руските медиуми. [embed]http://www.youtube.com/watch?v=pme5kCwo3NU[/embed]    
Слично

Поврзани вести