Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Со камења по автобусот на бразилската фудбалска репрезентација

(ВИДЕО) Со камења по автобусот на бразилската фудбалска репрезентација

Локални фудбалски фанатици не моќеа да преболат што Бразил загуби од Белгија во четвртина-финалето од Светското фудбалско првенство и го каменуваа автобусот на оваа репрезентација при враќањето во својата земја од Мундијалот во Русија.

Видеото што кружи на Интернет покажува како навивачите го сопреа автобусот и по него фрлаат камења и други предмети, потоа полицијата реагира и ги растерува незадоволни фанови на „кариоките“. 

По дебаклот на Светското првенство кое тие го организираа пред четири години, ништо подобро не поминаа ниту во Русија каде во четвртфиналето беа елиминирани од Белгија.

Автобусот беше задолжен да ги превземе фудбалерите од Аеродромот во Рио.де Жанеиро по нивното враќање од Русија.

Материјална штета има автобусот, но никој од играчите и од стручниот штаб не е повреден.


Слично

Поврзани вести