Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Со еден удар Русите срамнија со земјата командни центри на „ИД“ во Сирија

(ВИДЕО) Со еден удар Русите срамнија со земјата командни центри на „ИД“ во Сирија

Видео снимено од дописници на телевизијата „Anna-News“ во сирискиот област Набионис покажуваат како армијата на руската авијација буквално со еден удар уништува бункери во регионот терористите од „Исламска држава“. За таа цел тие користат опасни бомби, соопшти телевизијата „Ren“.

Првиот удар уништува речиси до темел бункер на терористите. Бомбата го пробива букерот и го уништува се внатре. Уште една бомба во исто време ја погодува својата цел, каде биле сместени високи командни лица на терористите. На видеото се забележува и огромен чад од трета урната зграда.

Додека Русите дејствуваат од воздухот, сириските воени сили користат ракети „Град“ за уништување на противниците во тешко достапните предели. И методично ја ослободуваат парче по парче територијата окупирана од единиците на „Исламска држава“.

Вчера официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Русија, Игор Коношенко објаснил дека авионите на руските воздухопловни сили извршиле 82 бомбардирања и нанесле близу 204 удари од воздухот за цели на терористите.

Слично

Поврзани вести