(ВИДЕО) Со дозвола на САД се создава нова нуклеарна сила
Шест тајни компании можат да продаваат нуклеарна технологија во Саудиска Арабија.
Ова се наведува во документите во кои увид имала новинската агенција Ројтерс.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп тивко води поширока работа околу делењето на американската технологија во сферата на нуклеарната енергија со Саудиска Арабија. Таа сака да направи најмалку две нуклеарни електрани.
Компаниите можат да вршат прелиминарни истражувања на нуклеарната енергија пред било каква работа, но не и да праќаат опрема потребна за електраната, вели за Ројтерс изворот запознаен со договорите под услов неговиот идентитет да не биде објавен.
Слично
